Ковид19 Македонија Најважни

Нови 177 заболени, процентот на позитивни од вкупно тестираните се зголемува

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 177 нови случаи на Ковид-19. Тоа претставува зголемување на процентот на заболени од вкупно тестираните, кој според денешните бројки изнесува дури 22,7% . По градови нови случаи има во Скопје – 96, Куманово – 5, Штип – 7, Прилеп – 1, Тетово – 19, Велес – 2, Битола – 1, Кавадарци – 1, Гостивар – 6, Гевгелија – 1, Струмица – 8, Крива Паланка – 2, Радовиш – 2, Кочани – 10, Берово – 6, Виница – 5, Делчево – 4, Неготино – 1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 107 оздравени пациенти од: Скопје – 44, Куманово – 2, Штип – 3, Прилеп – 7, Тетово – 6, Струга – 2, Битола – 2, Охрид – 1, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Гевгелија – 1, Струмица – 5, Радовиш – 1, Крушево -1, Кочани – 8, Пробиштип – 1, Берово – 4, Валандово – 2, Делчево – 1, Свети Николе – 9, Кичево – 1, Ресен – 2, Неготино – 1.

Во болнички услови починати се 5 лица, пациент од Тетово (67г), Струмица (87г), Крива Паланка (68г) и двајца пациенти од Кочани (70 и 73г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.113, бројката на оздравени пациенти е 16.301, на починати е 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.015. Денес се евидентира еден контролен тест. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 8.571, активни 1.792
  • Куманово 1.885, активни 176
  • Дебар 294, активни 36
  • Штип 1.368, активни 123
  • Прилеп 814, активни 170
  • Тетово 1.604, активни 222
  • Струга 720, активни 61
  • Велес 381, активни 59
  • Битола 389, активни 104
  • Охрид 463, активни 47
  • Кавадарци 279, активни 59
  • Гостивар 984, активни 80
  • Гевгелија 202, активни 95 (12 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 30 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 437, активни 267
  • Крива Паланка 154, активни 49
  • Радовиш 141, активни 58
  • Крушево 20, активни 0
  • Кочани 504, активни 218
  • Пробиштип 129, активни 21
  • Демир Хисар 62, активни 2
  • Македонски Брод 96, активни 3
  • Пехчево 48, активни 5
  • Берово 153, активни 56
  • Валандово 65, активни 43
  • Виница 136, активни 46
  • Делчево 191, активни 99 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 27, активни 3
  • Свети Николе 401, активни 59
  • Кичево 357, активни 34
  • Ресен 170, активни 9
  • Неготино 68, активни 19 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 778 теста се преку: ИЈЗ – 286, ЦЈЗ Скопје – 48, Авицена – 100,  Биотек – 0, МАНУ – 0, Жан Митрев (Филип Втори) – 105 , Систина со PCR метода – 133, лабораторија Лаор – 0, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 0, Инфективна клиника – 2, ГАК – 12, Синлаб – 92, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 208.669 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 6 мајки позитивни на Ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 45 пациент. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 191, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

  • Чаир – 92
  • Гази Баба – 171
  • Аеродром – 327
  • Карпош – 319
  • Центар – 330
  • Кисела Вода – 210
  • Ѓорче Петров – 155
  • Бутел – 68
  • Шуто Оризари – 15
  • Студеничани – 3
  • Сарај – 15
  • Арачиново – 4
  • Илинден – 30
  • Сопиште – 10
  • Чучер Сандево – 4
  • Петровец – 7
  • Зелениково – 3
  • Странец – 14
  • Нераспределен-15
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тилев и Стојковски: Македонија треба да инсистира на „front-loaded“ пристап во преговорите со ЕУ, но клучот е во уставните измени

Дејан Дејан

Стојковски: Фазната интеграција мора да води до полноправно членство, но недостасува предвидливост во процесот

Дејан Дејан

Тилев: Новиот нон-пејпер нуди конкретни чекори за побрза интеграција, но Македонија мора прво да го отвори кластерот „Фундаменти“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе