Пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ е позитивен на Ковид 19 и е примен на инфективната клиника со покачена температура.
Од собранието апелираа до сите останати пратеници, да се придржуваат до мерките за заштита и во домашни услови, посебно во контактите со најблиските.
Не одговараат дали ќе се прави епидемиолошката анкета со пратениците и како ќе се постапува понатаму.
Неофицијално, епидемиолози од центарот за јавно здравје, ќе ги анкетираат пратениците поединечно, за контактите со Јахоски.
Потоа ќе се одлучи дали само некои ќе одат во изолација, или сите 120 пратеници.
Последната пленарна седница се одржа вчера, но Јахоски не беше присутен. Последен пат во Собранието бил во средата, на комисијата за финансирање и буџет.
Следната седница е закажана на 13-ти октомври, во вторник, но ќе се чека препорака од епидемиолозите.
