Ковид19 Свет

Бугарија очекува зголемен број на заразени во зимскиот период

Во септември ширењето на вирусот во Бугарија падна на едно од најниските нивоа во Европската унија. Ова доведе до занемарување на мерките. Маските се покажаа ефикасни. Нема научен напис против нив. Со доаѓањето на зимските месеци се очекува зголемување на бројот на заразени лица во земјата, изјави за Нова ТВ директорот на Националниот центар за инфективни и паразитски болести, проф. Тодор Кантарџиев.

Тој додаде дека границата е 25 заразени на 100.000 лица и таа не треба да биде надмината.

Според него, мерките за пазарување во маркетите најмногу се почитуваат во Софија.

Во однос на работата на Националниот оперативен штаб во последните месеци рече дека тој работи активно, без прекин.

Нашите заложби се да дадеме предлози засновани врз научна анализа. Денеска сите директори на РЗИ ќе добијат вредносни прагови што мора да ги вклучат со внимание, рече Кантарџиев.

Специјалистот објасни дека ако се држи дистанца можноста за заразување е помала. Во рестораните, како што рече, тоа е значително повисоко.

Луѓето постари од 65 години, оние со хронични заболувања и пациенти со карцином се најранливи и треба да бидат повнимателни, додаде проф. Кантарџиев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Трамп присуствуваше на пречекот на посмртните останки на американските војници убиени во војната со Иран

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе