Ковид19 Македонија Топ вести

80 деца во Струмица не одат во градинка, дворот претворен во градилиште

Најмалку осумдесетина деца од Струмица се уште не тргнале во градинка поради  изградба на нов дел во градинката во големиот градски парк.

Приемот на децата во градинката Клон 2 од детската градинка во Струмица нема да биде возможен до почетокот на октомври. Ова се прогнозите коишто денеска ги соопштија од управата на градинката.

Директорот на градинката „Детска радост“, Васил Бубев, вели дека постои опција којшато ја понудиле за згрижување на децата од оваа градинка, а тоа е адаптација на просториите на Клон 5, градинката во поранешниот објект на приватното училиште Јахја Кемал. Според Бубев, доколку добијат решение градинката ќе биде адаптирана за неколку денови.

Во текот на денот се очекува комисија од министерството за труд и социјална политика, за да се најде решение за децата во овој објект.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започнува 60. Јубилеен МТФ „ Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Мицкоски: Проширувањето е живо, а европските лидери го покажуваат тоа

Дејан Дејан

(фото)Повеќе од 330 основци учествуваа на церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе