Ковид19 Македонија Најважни

Седуммина починати и 186 новозаболени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1674 тестирања, а регистрирани се 186 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-56, Куманово-16, Штип-8, Прилеп-7, Тетово-10, Струга-6, Велес-1, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-4, Гостивар-18, Гевгелија-5, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-17, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Валандово-1, Делчево-4, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 85 оздравени пациенти од: Скопје-19, Дебар-2, Штип-4, Прилеп-13, Тетово-2, Струга-4, Охрид-9, Гостивар-9, Гевгелија-5, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Берово-4, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-1.

Починати се 7 лица, еден пациент од Куманово (53г), двајца пациенти од Струга (68 и 70г), еден од Гостивар (61г) и тројца пациенти од Делчево (43,60 и 78г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16274,  бројката на оздравени пациенти е 13635, на починати е 675, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1964. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 6463, активни 564
  • Куманово 1644, активни 215
  • Дебар 272, активни 37
  • Штип 1222, активни 72
  • Прилеп 581, активни 119
  • Тетово 1335, активни 134
  • Струга 639, активни 65
  • Велес 296, активни 23
  • Битола 259, активни 57
  • Охрид 399, активни 46
  • Кавадарци 211, активни 35
  • Гостивар 882, активни 94
  • Гевгелија 97, активни 56 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 142, активни 77
  • Крива Паланка 89, активни 38
  • Радовиш 56, активни 11
  • Крушево 18, активни 2
  • Кочани 220, активни 76
  • Пробиштип 99, активни 19
  • Демир Хисар 61, активни 2
  • Македонски Брод 87, активни 9
  • Пехчево 42, активни 21
  • Берово 74, активни 20
  • Валандово 14, активни 5
  • Виница 96, активни 28
  • Делчево 138, активни 75 (29 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 24, активни 4
  • Свети Николе 312, активни 19
  • Кичево 297, активни 30
  • Ресен 156, активни 9
  • Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1674 теста се преку: ИЈЗ-552, ЦЈЗ Скопје-47, Авицена-252,  Биотек-129, МАНУ -111, Жан Митрев (Филип Втори)-217, Систина со PCR метода -182, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-17, ЦЈЗ Битола-45, Инфективна клиника-26, ГАК-13, Синлаб-34, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 171.155 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 4 деца и 4 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 34 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 155, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

  • Чаир – 52
  • Гази Баба – 75
  • Аеродром – 83
  • Карпош – 71
  • Центар – 82
  • Кисела Вода – 52
  • Ѓорче Петров – 28
  • Бутел – 33
  • Шуто Оризари – 14
  • Студеничани – 9
  • Сарај – 17
  • Арачиново – 9
  • Илинден – 12
  • Сопиште – 2
  • Чучер Сандево – 3
  • Петровец – 6
  • Зелениково – 2
  • Странец – 7
  • Нераспределен-7
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир до Сиљановска-Давкова: Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата, Вархеј очекува забрзување на реформите

Дејан Дејан

Еурактив: Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со Грција и со Бугарија

Дејан Дејан

Најдоцна 20 дена по одржаните избори Собрание се состанува на конститутивна седница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе