Македонија

Инвеститорот кај Мавровка се крие зад сопственикот на земјиштето?

На објектот ја нема вревата од мајсторите и бучавата од граѓаните , а во општината го нема да се појави инвеститорот. 5- ти ден молк и прозивки во медиумите да се јави, но и да ја урне дивоградба кај Мавровска. Му остануваат уште три дена, а потоа обврската да се урне ја превзема општината. За таа цел градоначалникот Висар Ганиу и советот за овој и други дивоградби планираат да потрошат најмалку еден милион евра. Целта е „демолирање згради и собирање шут“. Првата недела од август ќе се знае кој ќе урива во Чаир. Освен општинарите по инвеститорот трага и јавното обивинителство. Полицијата трагите ги одвела во катастарот под претпоставка дека преку сопствениците на парцелата ќе се најде инвеститорот.

„Предметот е во предистражна постапка и се обезбедуваат докази за кривичното дело и идентификација на сторителот. Од СВР Скопје до ОЈО се испратени писмени известувања до надлежниот обвинител. Од превземните дејствија известен е и катастатрот кој треба дај а достави комплетната документација, соопштија од ЈО.

Локалот „Фонтана“ неодмана изгоре, а на негово место никна дивоградба, но затоа во катастарот нема промени на сопственицие на парцелите. Неколкутте поединечни парцели пред објектот мавровка ги поседуват една фирма, сопственикот на „Франк“, парче земјиште припаѓа на Република МАкедонија, и една парцела има едно лице од Арачиново чијашто намена е кафуле, со ознака Б-1.  Влада постизборно сеуште нема, но идната може да го урне објектот ако тоа не го сторат општинарите. Инспекцискиот совет, пак,  седи на страна, а доколку општината Чаир не постапи согласно ингеренциите, владата може да им ги одземе надлежностите. Во таква ситуација државниот инспекторат може а побара од министерството за транспорт и врски да им ги пренесе ингеренциите за да можат да уриваат безправно изградени објекти.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Дејан Дејан

Пендаровски поразен во Центар, Карпош и Кисела Вода, единствено води во Крушево и Маврово и Ростуша

Дејан Дејан

ДИК по обработени 99%: Предност од 182.386 гласови на Силјановска пред Пендаровски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе