Вести Македонија

ДИК: Именувањето на Делиџакова во КХВ, пример за корупција во највисоките државни кругови

Лиле Делиџакова, сестра на екс шефицата на СЈО а сега осуденик Катица Јанева, не смеела да биде вработена во Комисијата за хартии од вредност и именувана од Владата за потпретседател бидејќи не ги исполнувала условите ниту пак имала комплента документација во пријавата, соопштија од Антикорупциска. Оттаму велат дека именувањето на Делиџакова во Комисијата е класичен пример за корупција во највисоките државни кругови бидејќи таа е предложена и именувана на седница на Влада и затоа мора некој внатре да понесе одговорност и мора да се сменат контролните механизми.

Владата застана зад  Делиџакова со образложение дека е дипломиран економист со 20 годишно искуство во работење со финансии, банкарство и општо економски менаџмент. Меѓутоа во нејзиниот роден град – Гевгелија, Делиџакова беше позната како сопственик на фризески салон а не економист со искуство во царината и во една домашна фармацевстска компанија. Ова не беше пробел и за Собранието кое го изгласа предлогот на Владата и со тоа на почетокот на јуни 2018 година  таа беше назначена за поптретседател на Комисијата со мандат од пет години.

Антикорупционерите ќе бараат од Владата да го разреши и в.д. директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија поради бројни пропусти и нерегуларности во работењето и финансиите. По преоверката на документацијата е заклучено дека Тозија не смеел да ги исплати средствата, 35 милиони денари,  за филмски проекти и тоа што се повикува на виша сила не го оправдува неговото постапување бидејќи.

За исплатата на средства за филмски проекти„ Транспаренси интеренешенел“ веќе поднесе кривична пријава против Тозија.

На денешната седница Антикорупционерите ја запреа постапката против директорката на Клиниката за хематрологија Ирина Пановска – Ставридис и судирот на интереси прти набавките од веледрогеријата „Пановски“.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе