Ковид19 Македонија

Изминатата седмица за нијанса помалку заболени, а највеќе се заразила старосната група од 40-49 години

1.038 нови случaи само минатата недела, 35 пациеnти помалку од претходната, но и помалку тестирања. Короната се ширела во 26 градови, а најмногу нови случаи биле откриени во Скопје, 39 проценти и Штип 14,4. Неделниот извештај на Институт за јавно здравје покажува дека изминатата седмица највеќе од заболените и припаѓаат на старосната група од 40 до 49 години, а Ковид-19 се шири и кај помладите граѓани.

Во овој период се забележува промена на старосната структура на новозаболените во однос на претходните недели при што најголем процент се лица помеѓу 40–49 години 21,1%, потоа лица над 60 години 20,6%, поголем број новозаболени се регистрира кај лица помеѓу 30-39 – 20,4%, се вели во извештајот.

Повеќе од 400 пациенти добиваат нега од персоналот во болниците ширум земјата, а петмина се борат за живот, додека повеќе од сто добиваат кислородна поддршка. Вирусот не мирувал и кај најтешкоболните, и одзел повеќе човечки животи од пред две седмици, се наведува во извештајот.  

Во периодот 13 до 19 јули, регистрирани се 44 смртни случаи, што е 8 повеќе смртни случаи од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 81,8%. 41 од случаите се починати во болнички услови, а 3 вон болнички. Кај 35 од смртните случаи (79,5%) регистрирани се претходни коморбидитети, се вели во извештајот.

Македонија и денеска е прва во Европа со 5 починати на милион жители што е речиси двојно повеќе од втората Молдавија во која вчера смртноста достигнала 2,7 жртви на милион жители. Следи Црна Гора каде вчера се регистрирани 1,9 смртни случаи на милион жители, и БиХ со 1,8 починати на милион жители. Од случаите кои се епидемиолошки истражени, во болница завршиле 88 лица или 9,5 % од новозаболените што претставува намалување за 2% во однос на претходната недела. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа 0-9 години – 2,2%, и од 10-19 години – 3,5%.

Во 17 градови во земјата, споредено во седмици, бројот на новопотврдени случаи е под 20. На „црната“ листа сеуште води Скопје, а зад него се Тетово и Куманово , додека Штип со енормниот скок им се доближи со бројот за заболени. Во заклучокот на интитутот се наведува дека 4 ца од 10 новозаболени имале контакт со заболено лице, а двојно се намалил борјот на заболени од патување, или само 10 случаи минатата недела.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оштетени кабли и булевар, Арсовска лови дивоградби во Чаир, чека градоначалникот Ганиу да ги урива

Дејан Дејан

Завршни консултации меѓу претседателката и премиерот за новиот гувернер

Дејан Дејан

Љубчо Георгиевски сведок на одбраната во случајот „Ванчо Михајлов“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе