Ковид19 Македонија Најважни

Пазарниот инспекторат со последно предупредување до угостителите, од вечерва засилени инспекции на терен

Полни дискотеки и ноќни клубови, концерти и пеачи, свадби во ресторани и толпи свдабари по улица. Викендов за дел од граѓаните вака изгледаше новото нормално што наиде на осуди и остри реакции во јавноста.

Голем број на сопственици на објекти за свадби  како и угостители кои во минатото организирале вакви прослави денеска се повикани во Државниот пазарен испекторат каде што им се соопштено дека тие не смеат да работат и да организираат настани.

ДПИ: Ќе се изготвуваат нови протоколи кои допрва ќе се изготват и ќе им се достават. Како за ноќните клубови така и за свадбите и дотогаш треба да останат затворени. Во спротивно ќе мора да ги затвараме и да ги казнуваме.

Во пазарниот инспекторат биле повикани и сопствениците на ресторанот во Гиновци каде викендов имаше свадба на која само персоналот ги запазуваше мерките за заштита. Од ДПИ велат дека во моментот се изготвуваат пријави за објектите каде викендов беа регистрирани прекршоци и дека набрзо ќе бидат поднесени. Оттаму најавуваат дека од вечерва ќе има засилени инспекции на терен и проверка на групирање на гости во ресторани и кафулиња и на работното време  казните се затаварње до 30 дена и пријава.

Додека се чека на пријавите од ДПИ прилепското обвинителство отвори предмет за клубот „Калипсо“ кој исто така организираше забава во саботата навечер.

Јавно обвинителство: „Основното јавно обвинителство Прилеп оформи предмет по допрен глас заради сомненија дека едно правно лице и едно физичко лице – одговорно лице во правниот субјект сториле кривично дело по член 206 од Кривичниот законик. Постапувајќи по оформениот предмет, надлежното обвинителство издаде наредби за утврдување на фактичката состојба и евентуалната кривична одговорност, како и за обезбедување докази“​

Од ДПИ соопштија дека наместо од Прилеп биле испратени инспектори од Битола но сопствениците успеале да го испразнат и затворат клубот пред тие да пристигнат.

За струмичкиот клуб „Аватар“ сеуште нема пријава.

Скопските угостители бараат да се дозволи организирањето на свдаби, но од Центарот за јавно здравје велат дека бројките на новозаболени засега не го дозволуваат тоа.

Денеска со соопштение до медиумите се огласија и од независната угостителска комора кои се оградија од несовесните угостители и побараа од Државниот пазарен инспекторат јавно да ги соопшти објектите и нивните сопственици и да ги пломбира. Од музичарите побараа да не дозволат да се користат нивните имиња за организирање на настани а од МВР да ги евидентираат сите гости кои ги прекршуваат Протоколите за работа и веднаш да ги упатат во државен карантин или самоизолација.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Менаџментот на клиниката да го реши проблемот – ДСИ најави контрола на Токсикологија за поплавата

Дејан Дејан

Во ДИК пристигнат само еден приговор за постапката за гласање во Липково

Дејан Дејан

„Вреди“ нема да тргуваат со гласовите на гласачите, ДУИ градат конечен став

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе