Ковид19 Македонија Најважни

Нови 127 случаи корона вирус и 8 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 904 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19.

Најмногу се регистрирани во Скопје – 57; Штип -13; Свети Николе – 12 ; Струга -10;  Гостивар – 8; Охрид – 7; Тетово -6; Куманово и Кичево – 4 ; Пробиштип и Кратово по двајца и Кавадарци и Демир Хисар по еден позитивен.

Процентот на позитивни тестови е повторно висок и изнесува 14%.

Починати се 8 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст 70 и 93 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица на возраст 34,45,78 и 87 години, а кај 62 годишен пациент, вирусот е потврден постмортем. Во КБ Тетово почина пациент на 78 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 83 оздравени лица од: Скопје-35, Штип-8, Тетово-33, Велес-1, Гостивар- 5, Пехчево-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9153,  бројката на оздравени пациенти е 4810, на починати е 422, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3921.

Направените 904 теста се преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-25, Авицена-205, Биотек-113, МАНУ -21, Жан Митрев (Филип Втори) –(не доставиле податоци), Систина со PCR метода -88, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-19. Досега во земјата се направени вкупно 85.820 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациент. На респираторна машина се 3 пациенти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

Димитровска: Оформени се 45 предмети во врска на изборите од денот на нивно распишување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе