Ковид19 Македонија

3а три дена 90 активни случаи корона вирус во регионот на Штип и Свети Николе

Корона вирусот  во експанзија во штипскиот и светиниколски регион. За само три дена во овие две општини активни се околу 90 случаи.

Епидемиолозите велат дека нема фирма или конфекција во која што не е регистриран по еден или неколку случаи.

Само во последнава недела позитивни на корона вирус се појавија  во три нови текстилни фабрики, од кои две се затворени. Работниците во епидемиолошките анкети велат дека не знаат од каде се заразиле, дали надвор од погоните или пак во нив.

Најбрзо растечка општина со нови случаи на коронавирусот е Свети Николе, каде има 126 активни случаи и 136 се во изолација. 45 се работници од конфекциите Мода и Кемтеск.

Добро е што од нашите две фабрики 80 % од позитивните случаи се асимптоматски, доколку не го направивме скринигот заразата ќе се ширела во погоните. Одлуката што ја донесовме за скрингот е добра и во моментов чекаме резултати за 90 работници, вели Ангел Димитров, „МОДА АД“ – Свети Николе

Овие две конфекции остануваат затворени до понеделник, а се чекаат резултатите од скринингот на уште 90 работници.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе