Вести Избори 2020 Македонија Топ вести

За првпат денот на гласање нема систематски широк мониторинг од ОДИХР

За првпат денот на гласање на избори во земјава не е широко следен од набљудувачите на ОДИХР. Коронавирусот ја смени мисија на ОДИХР од набљудувачка во Специјална мисија за проценка на изборите. Деветчлениот тим кој го распореди Организацијата за демократски институции и човекови права во земјава од 22 јуни ја следеше изборната кампања, изборната администрација, регистрацијата на гласачите, финансирањето на камапњата, но и медиумското покривање на камапањата, како и законска рамка која го покрива изборниот процес.

Иако мандатот оваа година не им е широнк мониторинг на изборите и Мисијата на ОДИХР не е во можност систематски да го набљудуваме изборниот ден во целата земја, шефицата на Мисијата, Лаима Андрикиене, сепак најави дека членови на нејзиниот тим ќе посетат одреден број на гласачки места и ќе го мониторираат гласањето, броењето на гласовите и нивното сумирање.

ОДИХР утре во 15 часот ќе го објави својот прелиминарен извештај за предвремените парламентарни избори кои се одржуваат денеска, а крајниот извештај ќе го објави за околу два месеци.

 

Тамара Грнчароска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации

Tea Dimkovska

Ричард Гир: Мигрантите не се „штетници“, туку луѓе кои бегаат од страдање

Tea Dimkovska

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе