Избори 2020 Македонија Најважни

Без маска не тргнувајте на гласање

На ниту еден гласач утре нема да му биде дозволено да влезе во гласачкото место ако претходно не ги дезифицира рацете и не носи маска. Заштитни ракавици не се задолжителни за гласачите. Пред влезот на гласачкото место ќе треба да се причека на растојание од 1,5 до 2 метри. Во просторијата се пуштаат онолку гласачи колку што има паравани за гласање.

При влегување гласачот прво ги дезинфицира рацете. Потоа ја подава личната карта, ја симнува накратко маската за да може да биде идентификуван и стои на дистанца од членовите на избирачкиот одбор. Гласа и на излегување повторно ги дезинфицира рацете.

Избирачките одбори внатре се должни да седат на растојание од метар до метар и пол, и постојано да носат заштитна маска и ракавици.

Просторијата во која ќе се гласа треба да биде со отворени прозорци или да се проветрува секој час. Во неа треба да има поставено средства за дезинфекција и корпа за отпадоци.

Овие избори се специфични и по тоа што за првпат се гласа во период од три дена, среде недела, а гласањето ќе трае два часа подолго. Избирачките места се отвораат во 7, а се затвораат во 21 часот.

Право на глас имаат еден милион 814 илјади двесте шеесет и три гласачи.Тие ќе гласаат на 3 480 избирачки места, а ќе можат да избираат помеѓу 4 коалиции и 11 партии.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Претседателот на Управниот суд Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе