Избори 2020 Македонија Најважни

723 позитивни на Ковид-19, изолирани и самоизолирани лица гласале на првиот изборен ден

Со гласањето на болните, позитивните и изолираните поради ковид 19, заврши првиот изборен ден. Последните информации на ДИК говорат дека се пријавиле 759, а гласале 723 лица.

Во текот на денот, бројката варираше бидејќи дел од приговорите биле уважени, а општинските комисии имале и дополнителни гласачи пријавени преку апликација.

Државната комисија смета дека и покрај исклучително тешките услови, гласањето беше целосно безбедно, а ветува  дека така ќе биде и утре и задутре.

Од ДИК и потсетување: резултатите од гласањето ќе се знаат дури во среда вечер, кога овие ливчиња ќе бидат изброени заедно со останатите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе