Се извинуваме за денешното доцнење со информирањето за состојбата со ковид-19, се чекаа резултатите од една лабораторија.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-7, Велес-5, Битола-4, Охрид-5, Гостивар-9, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-4, Ресен-4.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти од: Скопеј-56, Штип-7, Тетово-36, Велес-2, Битола-3, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-1, Свети Николе-1, Ресен-2.
Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (63г). Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти од Скопје (59г) и (63г) и еден пациент од Штип (36г). Во болницата во Штип е починат пациент од Берово (69г), во Куманово пациент (78г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6932, бројката на оздравени пациенти е 2987, на починати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3611. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 3343, активни 1987
- Куманово 793, активни 240
- Дебар 103, активни 51
- Штип 371, активни 158
- Прилеп 277, активни 51
- Тетово 758, активни 385
- Струга 252, активни 154
- Велес 194, активни 43
- Битола 61, активни 22
- Охрид 195, активни 166
- Кавадарци 21, активни 15
- Гостивар 151, активни 91
- Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
- Струмица 17, активни 9
- Крива Паланка 16, активни 10
- Радовиш 4, активни 0
- Крушево 7, активни 4
- Кочани 74, активни 21
- Пробиштип 25, активни 16
- Демир Хисар 2, активни 1
- Македонски Брод 6, активни 4
- Пехчево 6, активни 3
- Берово 3, активни 0
- Валандово 6, активни 2
- Виница 3, активни 0
- Делчево 1, активни 0
- Кратово 5, активни 2
- Свети Николе 41, активни 36
- Кичево 44, активни 38
- Ресен 120, активни 93
- Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1296 теста се преку: ИЈЗ –585, Авицена –99, Биотек –75, МАНУ -158, Жан Митрев (Филип Втори) -209, Судска медицина-1, Систина со PCR метода -133, ЦЈЗ Битола-36. Досега во земјата се направени вкупно 66.133 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 37 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 120 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 95 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
- Чаир – 409
- Аеродром – 150
- Бутел – 162
- Гази Баба – 189
- Центар – 143
- Карпош – 163
- Сарај – 149
- Кисела Вода – 109
- Ѓорче Петров – 114
- Студеничани – 110
- Шуто Оризари – 86
- Арачиново – 50
- Илинден – 32
- Петровец – 16
- Чучер Сандево – 18
- Сопиште – 14
- Зелениково-6
- Странец – 2
- Нераспределен- 65