Свет

Средба Меркел-Макрон во пресрет на германското претседателство со ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Берлин се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон, во време кога Германија се подготвува да го преземе претседателството со Европската унија.

Германија на 1 јули го презема шестмесечното претседателство со ЕУ, во време кога ЕУ се соочува со голем предизвик да се обиде да ги врати економиите на своите 27 членки и да ја обнови слободата на движење меѓу земјите, а при тоа да не предизвика втор бран на пандемијата на коронавирусот.

Меркел изминатиов викенд рече дека е убедена оти Европа може да ги надмине предизвиците, и покрај тоа што коронавирусот сè уште претставува закана и додаде дека мерките за економско закрепнување на ЕУ треба да бидат донесени што е можно поскоро.

Во мај, Меркел и Макрон предложија формирање на еднократен фонд за закрепнување во вредност од 500 милијарди евра.

Предлогот го прошири Европската комисија, која предложи формирање на фонд во вредност од 750 милијарди евра, кој претежно би се состоел од грантови.

Но ЕК се соочува со отпор од некои земји, кои се проти неповратни средства и одбиваат да ги обезбедат средствата без никакви обврски на корисниците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Москва прогласи двајца италијански дипломати за непожелни откако Италија протера руски аташеа под сомнение за шпионажа

Sonja Petrusevska

Полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни прекршоци

Kristina Kuzmanovski

Нови 50 проценти царини воведе САД за канадските производи

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе