Свет

Словенија би можела да ја избрише Хрватска од листата на безбедни земји

 

Словенија уште утре би можела да ја стави Хрватска на листата со земји кои не се безбедни од зараза со Ковид-19, изјави портпаролот на словенечката Влада, Јелко Кацин.

– Доколку во Хрватска бројот на заразените со коронавирус достигне десет на 100.000 граѓани, тогаш Словенија ќе биде принудена да ја избрише соседна Хрватска од листата на безбедни земји, нагласи Кацин.

Тој истакна дека нема намера да им сугерира на Словенците да не патуваат во Хрватска на одмор, но ги предупредува граѓаните да бидат внимателни, особено младите.

Кацин тврди дека Хрватска направила грешка бидејќи ги укинала сите ограничувања кои се однесуваат на ноќните клубови, рестораните и дискотеките, кои се посетени и од голем број словенечки туристи.

Словенија поради порастот на бројот на заразените ја модификува мерката за собирање на јавни места и од сегашните дозволени 500 ги намали на 50 лица. Исклучок се големите манифестации, како на пример концерти на отворено.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Десетици лица се повредени на протестите во Болоња, откако маж почина додека бил приведуван од полицијата со употреба на физичка сила

Igor Trajkov

Москва прогласи двајца италијански дипломати за непожелни откако Италија протера руски аташеа под сомнение за шпионажа

Sonja Petrusevska

Полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни прекршоци

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе