Вести Македонија

Две медицински лица од кумановската болница по втор пат позитивни на корона вирус

Две медицински лица од кумановската болница по втор пат се позитивни на корона вирус. Ова за Телма го потврдува и директората на болницата Снежана Захариева која вели дека и тие како медицински лица биле изненадени од оваа ситуација. Во првиот случај се работело за болничарка на очно која се лекувала од корона вирусот во март. Се лекувала во домашни услови но сепак не била асмптоматска. Откако се излекувала отишла да донира плазма. Но на проверките кои се прават пред да се донира плазма излегла позитивна. Според кажувањето на директорката таа сега е со благи симптоми.  Во вториот случај се работи за медицинска сестра од хирургија која уште на почетокот на април се утврдило дека е позитивна. Била асимптоматска и после два негативни тестови се вратила на работа. После некое време почнала да развива симптоми, по што била отстранета од работа но сите симптоми укажувале на ковид.  Откако повторно се тестирала се покажало дека е позитивна по втор пат.

Министерот Филипче вели дека ги чека дефинитивните резултати дали кај оздравен пациент се вратил вирусот, и ако е така, ова би било првпат во Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар

Sonja Petrusevska

Москва прогласи двајца италијански дипломати за непожелни откако Италија протера руски аташеа под сомнение за шпионажа

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе