Вести Свет

Главниот обвинител на проруската република Луганск убиен при експлозија на бомба

Главниот обвинител на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) во источна Украина што е поддржана од Русија, загинал во експлозија на бомба во неговата канцеларија, јавуваат руските медиуми.

Според информации добиени од службата за итна медицинска помош, во експлозијата е убиен и неговиот заменик.

Украинските власти за убиството на прорускиот обвинител Сергеј Горенко сметаат дека се работи или за меѓусебна пресметка меѓу криминални групи или обид на Русија да прикрие злосторства елиминирајќи сведоци.

Инцидентот на Твитер го коментирашЍ Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Елиминацијата на таканаречениот „главен обвинител на ЛНР“ и неговиот заменик треба да се сметаат за пресметка меѓу локалните организирани криминални групи при поделба на ограбениот имот или како руско отстранување на сведоци на воени злосторства. Се ќе открие истрагата“, објави Подољак.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Македонија регистрирани случаи на маларија, денга, зика и западнонилска треска

Kristina Kuzmanovski

Трамп денеска ќе се сретне со Нетанјаху и Зеленски

Kristina Kuzmanovski

Притвор за 19-годишниот Танасковски за обид за убиство на Марко Љубиша Кан во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе