Вести Свет

МААЕ: Потребни се итни мерки за спречување на нуклеарна несреќа во Запорожје

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска го објави извештајот за Украина во кој наведува дека има итна потреба да се воведат привремени мерки за да се спречи нуклеарна несреќа што е резултат на физичко оштетување на нуклеарната централа Запорожје.

МААЕ соопшти дека е подготвена веднаш да почне консултации што би довело до итно формирање зона за нуклеарна безбедност во Запорожје, пренесоа британските медиуми.

Меѓународната агенција за атомска енергија нагласи дека е многу загрижена за ситуацијата во нуклеарната централа.

МААЕ соопшти дека нејзиниот тим забележал штета направена на различни локации, од кои некои биле во близина на зградата на реакторот.

Во извештајот се препорачува да се подобрат условите под кои украинскиот персонал работи во нуклеарната централа.

Украинскиот персонал е под постојан висок стрес и притисок, особено со ограничената работна сила која е на располагање, соопшти МААЕ во извештајот, додавајќи дека тоа не е одржливо и може да доведе до зголемена човечка грешка што може да има влијание врз нуклеарната безбедност.

Извештајот е објавен по посетата на тимот на МААЕ на Запорожје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски најави можно поевтинување на горивата следната недела

Kristina Kuzmanovski

Водата за пиење повод за меѓупартиски обвинувања

Kristina Kuzmanovski

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 29.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе