Следните чекори на Европската Унија за справување со се полошата енергетска криза по Руската инвазија на Украина ќе бидат обелодените наредната недела, потврди денеска европската комесарка за енергија.
Повеќе европски земји започнаа или најави вонредни мерки за штедење како последица на растечките цени на енергенсите.
Гасоводот Северен поток 1, главниот канал за снабдување со рускиот гас за потрошувачите во Европа и натаму е затворен од Газпром, додека ЕК порача и дека европскиот пазар на електрична енергија веќе не функционира, како последица на војната во Украина.
Во петок, во Брисел ќе се одржи вонреден состанок на европските министри за енергија, на кој треба да се разгледаат можните решенија за драматичниот раст на цените на пазарот на енергенси, најави еврокомесарката за енергија, Кадри Симсон.
Комисијата очекува пакетот мерки да биде усвоен наредниот вторник, но веќе се најавува дека намалувањето на побарувачката ќе биде еден од чекорите кои ќе се преземат.
- Знаеме дека има одредени часови кога домаќинствата и компаниите плаќаат екстремно високи цени по час и дел од овој предлог исто така ќе се однесува на тој временски интервал и како ќе ја намали побарувачката во тој специфичен временски период, изјави Кадри Симсон, Еврокомесар за енергија
Едно можно краткорочно решение би било инсталирањето на 20 таканаречени лебдечки терминали кои би добивале природен течен гас од други држави и би го преработувале во природен гас за домаќинствата и компаниите во Европа.
Првите вакви терминали би требало да доставуваат гас до крајот на годината, но веќе го зголеми алармот за долгорочните последици за животната средина, заради испуштањето метан и јаглерод диоксид во атмосферата при производството, транспортот и горењето на природниот гас.
- Во овој миг, во ситуацијата кога Русија ги користи своите резерви гас како оружје, мора да се погрижиме да ја обезбедиме доставата а тоа значи дека некои вонредни инвестиции се неопходни, изјави Кадри Симсон, Еврокомесар за енергија
Европската Унија има обврска да го намали ширењето на штетните гасови за најмалку 55 проценти до 2030-тата година. Сепак клучниот чекор за кој секаде се зборува е штедењето. Како илустрација, повеќе десетици базени во Франција се затворени и не работат, затоа што цените за нивно загревање, кое најчесто се врши со гасот, се превисоки. Компанијата Верт Марин, која затвори 29 базени во целата држава, соопшти дека нивните сметки за енергија се зголемени од 15 милиони евра на 100 милиони.
Никола Илиевски
