Вести Свет

Милков: Бугарија има интерес за приватизацијата на пристаништето во Александрополис

Шефот на бугарската дипломатија, Николај Милков, во преодната влада, за БНР коментираше дека неговата земја прави напори да ги развие односите со Грција за пристаништето во Александрополис.

Милков наведува дека Бугарија поседува 20 отсто од капиталот на гасниот терминал во овој грчки град, што треба да почне со работа во 2023 година. Бугарија е заинтересирана и за вториот гасен терминал што треба да се гради во Александрополис, како и за приватизацијата на тамошното пристаниште.

-На овој начин, Бугарија ќе стане медитеранска земја и ќе се избегнат тесните грла во Истанбулскиот теснец и ризиците за поморскиот транспорт во Црното Море, кажа Милков.

На овој начин Грција, Бугарија и Романија ќе ја подобрат својата поврзаност и ќе добијат дополнителни геополитички предности од нивното членство во Европската унија и ќе можат да станат дел од синџирот на снабдување и транспорт“, додаде тој.

Милков коментираше и дека ги има сите причини да мисли дека интерконекторот меѓу Бугарија и Грција за пренос на неруски гас во балканскиот регион ќе стапи во функција на 1 октомври.

Бугарскиот министер за надворешни работи ја отфрли можноста ЕУ да се распадне и рече дека нема таква опасност од раскинување на политиката што Европската унија ја води.

Инаку, според него, ова била стара стратегија на Москва.

-Од времето на Студената војна, Москва се обидува да забие клин меѓу САД и Европа, како и во неа, за да ја зајакне хомогеноста и нивните позиции на европските земји, прокоментира Милков.

Матрупаните кризи со кои се соочува ЕУ, почнувајќи од пандемијата на Ковид-19, нарушувањето на синџирите за снабдување, недостигот на основни производи, недостатокот и зголемувањето на цените на енергенсите и суровините, откриваат нови слабости што ЕУ мора да ги надмине, за да станеме поконкурентни и похомогени, прокоментира Милков.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Македонија регистрирани случаи на маларија, денга, зика и западнонилска треска

Kristina Kuzmanovski

Трамп денеска ќе се сретне со Нетанјаху и Зеленски

Kristina Kuzmanovski

Притвор за 19-годишниот Танасковски за обид за убиство на Марко Љубиша Кан во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе