Вести Свет Топ вести

ФСБ го идентификувала соучесникот Вовк во убиството на Дугина

Руската федерална служба за безбедност го идентификуваше наводниот соучесник во убиството на Дарја Дугина како украинскиот државјанин, Богдан Циганенко.

ТАСС, повикувајќи се на свои извори од безбедносните служби, објави дека по него ќе биде издаден налог за апсење. Руските власти за атентатот ја обвинија Украинката Наталија Вовк, за која велат дека е шпион и  дека прикрадно влегла во Русија, заедно со својата 12-годишна ќерка, и ја следела Дугина со недели пред да ја активира смртоносната автомобил-бомба и да побегне во Естонија. Сепак, естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу ги отфрли тврдењата, велејќи дека „тие се дел од пропагандата на Путин“.

„Ова го сметаме како еден пример за провокација во многу долгата серија провокации од страна на Руската Федерација и немаме што повеќе да кажеме за тоа во овој момент“, рече Реинсалу, додавајќи дека Русија не побарала екстрадиција на Вовк. Дугина беше убиена минатата сабота кога нејзиниот автомобил експлодираше во вечерните часови.

Таа и нејзиниот татко Александар Дугин, долгогодишен советник на Владимир Путин, таа вечер присуствуваа на литературен фестивал во близина на Москва. Иако било планирано заедно да се вратат во руската престолнина, Дугин во последен момент решил да земе друг автомобил.

Кремљ веднаш ја обвини Украина за убиството на Дугина, но кабинетот на украинскиот претседател ги отфрли обвинувањата, како и обвинувањата на ФСБ кои следеа во деновите по убиството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Трамп гледа голема шанса нешто да се случи во разговорите со Иран, но Техеран тврди дека пораките сè уште се разменуваат преку посредници

Дејан Дејан

СДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода – Во нормална држава тие би биле прашани од првиот ден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе