Вести Свет Топ вести

ДПА: Кремљ подготвува терен за референдуми за анекстирање на делови од Украина

Русија го подготвува теренот за анекстирање на окупираните делови на Украина преку одржување референдуми, јави ДПА.

Првиот заменик-шеф на администрацијата на Кремљ Серхиј Кириенко вчера посочи на неодамнешни анкети кои покажуваат дека во источните украински региони Доњецк и Луганск, познати како Донбас, поддршката за приклучување кон Русија е меѓу 91 и 92 отсто.

Во неодамна окупираните региони Херсон и Запорожје, поддршката е меѓу 75 и 77. Рускиот претседател Владимир Путин во неколку наврати изјави дека доколку луѓето покажат поддршка за приклучување кон Русија, Кремљ ќе ги исполни нивните барања.

Сепак, Москва нема целосна контрола врз сите области за кои навести дека е подготвена да ги припои. Украина сè уште држи под контрола големи делови од Доњецк и јасно стави до знаење дека подготвува контраофанзива во Херсон.

Исто така, многу луѓе се скептични за валидноста на податоците. Рускиот информативен сајт „Медуза“ неодамна посочи дека според нејзините анкети има рамномерна распределба на гласовите – 30 отсто поддржуваат приклучување кон Русија, 30 отсто се против, а останатите 30 отсто немаат мислење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Трамп гледа голема шанса нешто да се случи во разговорите со Иран, но Техеран тврди дека пораките сè уште се разменуваат преку посредници

Дејан Дејан

СДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода – Во нормална држава тие би биле прашани од првиот ден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе