Вести Македонија

Општината со јавен повик до делчевчани – ќе се надоместуваат штетите од невремето

Општина Делчево парично ќе им помогне на жителите за санирање на штетите, по невремето во саботата.

Локалните власти објавија јавен повик за пријавување на штети.

8 јули е крајниот рок и дотогаш треба да се достави копија од лична карта, трансакциска сметка и изјава за штета.

До вчера, градот се расчистуваше од гранки, паднати дрвја, кал и делови откорнати од покривите на згради и куќи.

На тема настанати штети и нивна проценка, денес попладне седница ќе одржи и Советот на Општина Делчево.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во Шутка

Sasko Dimovski

(Видео+фото) Откорнати лимови од покриви, скршени дрвја и гранки – апокалиптични сцени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Трговската размена меѓу Македонија и Индија за пет години да биде половина милијарда долари – средба на претседателките Силјановска Давкова и Мурму во Скопје

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе