Македонија Топ вести

153 нови потврдени случаи со Ковид – шестмина ја загубија битката со вирусот

153 нови пациенти со потврден Ковид-19 регистрираа епидемиолозите од вчера до денес. Починаа шестмина. Ова се најновите информации во редовниот дневен извештај на здравствените власти кои информираа дека во последното деноноќие се направени вкупно 1279 тестови.

Најмногу од регистрираните се во Скопје, 66. Во Тетово повторно е регистрирана висока бројка од 20 нови случаи. Двоцифрен број дијагностицирани пациенти се потврдени уште и во Куманово и Штип со по 13 и Ресен со 12 случаи.

Министерот за здравство Филипче вели дека иако бројот на новопотврдени случаи и понатаму е висок – ситуацијата е под контрола. Има помал број на приеми во болниците, а тоа е еден од најважните фактори за Комисијата за заразни болести кога одлучуваат за мерките.

Од починатите 6 лица, двајца се од Штип. Останатите се од Скопје, Тетово, Охрид и Ресен.

Во извештајот на Институтот за јавно здравје добра вест се 75 оздравени. Најмногу во главниот град, 47. Во Штип има 13 оздравени, а по неколку пациенти со два негативни теста има од други десетина градови во последното деноноќие.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лоша реконструкција на покривот го затвори базенот „Карпош“

Дејан Дејан

Финска, Шведска и Австрија со порака – реформите се клучни за членството во ЕУ

Дејан Дејан

Пратеничките прашања повторно во сенка на кочанската трагедија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе