Македонија Најважни

Стартот на кампањата без суштинска понуда, со контрастни спотови и критика кон опонентот

Партиите се обраќаат претежно кон сопственото членство, а најголемиот дел од народот се чувствува како да гази по минско поле, додека од страна го бомбардираат со бомби. Вака аналитичарите го оценуваат почетокот на кампањата кој, велат,  јасно ја отсликува состојбата во која се наоѓа државата-поделеност по сите основи, без решенија на повидок за проблемите и кризата која следува. Нема нова понуда која ќе навести дека ќе се случат суштински промени.

Констатација на аналитичарите е и дека, спотовите се контрастни, со критика кон опонентот  која со тек на време може да се претвори во негативна кампања. Целта е да се постигне ефект кај своите поддржувачи, а не кај неопределените гласачи.

Понудата се` уште не е целосна, голем број од партиите не излегоа со политички платформи, но не се очекува до крајот на кампањата да се излезе од востановениот принцип на напади кон противникот.

Во меѓувреме, и од Агенцијата за медиуми побараа да не се злоупотребуваат деца во партиските рекламни спотови и да не се поттикнува и шири дискриминација, нетрпеливост и омраза врз која било основа.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката на ДКСК однесена во Кривичен

Дејан Дејан

Битката со канцер низ солзи раскажана пред камерата на Телма

Дејан Дејан

„Ало Бушавко“ алармира за повици со самоубиствени мисли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе