Вести Свет Топ вести

Поранешниот руски премиер Михаил Касјанов вечи дека повеќе не го препознава Путин

Михаил Касјанов, првиот премиер на рускиот претседател Владимир Путин, денеска изјави дека и во неговите најлоши кошмари не можел да замисли дека Путин ќе ја нападне Украина.

„Путин, кого го познавав, беше поинаков“, пренесува БЕТА извадоци од видео-интервјуто што Касјанов го даде за АФП.

Касјанов, кој премиерската фунција ја извршуваше во периодот од 2000 до 2004 година пред да ѝ се придружи на опозицијата, проценува дека војната може да трае и до две години, но сепак верува дека Русија еден ден повторно ќе тргне по „демократскиот пат“.

Поранешниот премиер кој работеше на приближување на Москва и западните земји, рече дека како и повеќето Руси дека не мислел оти може да дојде до војна. Касјанов вели дека сфатил дека ќе има воена интервенција три дена пред самиот почеток на војните дејствија, кога Путин ги свикал членовите на неговиот Совет за безбедност „на добро организирана средба што се емитува на телевизија“.

„Кога го гледав тој состанок на рускиот Совет за безбедност, конечно сфатив дека ќе има војна. Ги познавам тие луѓе и гледајќи ги, видов дека Путин повеќе не е истиот. Не медицински, туку политички“, рече Касјанов кого Путин го замени во 2004 година.

Потоа Касјанов се приклучи на опозицијата и стана еден од најголемите критичари на Кремљ. Касјанов сега води мала либерална партија, Партијата за слобода на народот (ПАРНАС).

Касјанов уште вели дека поранешниот агент на КГБ Владимир Путин (69) откако дошол на власт во 2000 година изградил систем заснован врз неказнивост и страв.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Бура ја погоди Атина, небото се отвори, дожд и грмежи и на Халкидики, на Олимп силен град ја прекри планината во бело

Дејан Дејан

Бела пена се влева од Лепенец во Вардар, со дрон се бараат виновниците

Kristina Kuzmanovski

(Фото/Видео) Во лето снег падна на Пелистер

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе