Вести Свет Топ вести

Украинските сили се принудени да се повлечат од центарот на Северодонецк, соопшти Генералштабот на украинската армија

Украинските сили се принудени да се повлечат од центарот на Северодонецк, соопшти денеска Генералштабот на украинската армија, пренесе АФП.

„Непријателот со помош на артилерија изврши напад во Северодонецк, постигна делумен успех и ги принуди нашите единици да се повлечат од центарот на градот. Борбите продолжуваат“, се вели во соопштението на Украинските вооружени сили објавено утрово на Фејсбук.

Гувернерот на Луганската област Серхи Гајдаи потврди дека украинските сили се повлекле од центарот на градот.

„Уличните борби продолжуваат…Русите продолжуваат да го уништуваат градот“, напиша тој утрово на Фејсбук, објавувајќи фотографии од уништени и запалени згради.

Руските сили ја бомбардираат хемиската фабрика Азот, каде што се кријат цивили, и пречистителни станици во Северодонецк, рече Гаидаи.

Тројца цивили, меѓу кои и едно 6-годишно момче, се убиени во бомбардирањето на Лисичанк во изминатите 24 часа, рече гувернерот на областа.

Заземањето на Северодонецк ќе им овозможи на руските сили да започнат офанзива против Краматорск, уште еден голем град во Донбас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Бура ја погоди Атина, небото се отвори, дожд и грмежи и на Халкидики, на Олимп силен град ја прекри планината во бело

Дејан Дејан

Бела пена се влева од Лепенец во Вардар, со дрон се бараат виновниците

Kristina Kuzmanovski

(Фото/Видео) Во лето снег падна на Пелистер

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе