Вести Македонија

Младите лекари специјализанти останаа без исплата на дежурствата, бараат премиерот да се вклучи во решавање на нивниот проблем

Младите лекари на специјализација се оставени без надомест за дежурствата, а немаат ниту регулирано здравствено осигурување.

Со отворено писмо до премиерот Ковачевски побараа и тој да се вклучи во решавање на нивниот проблем.

Лани тие се приклучија во Ковид-центрите низ државата за да помогнат среде пандемија, а тогаш Министерството за здравство започна со исплата на надоместоци за дежурства и здравствено осигурување на оваа категорија лекари.

Од пред четири месеци исплатата на дежурства им е прекината од страна на Фондот за здравствено осигурување и тоа без никакво образложение, реагираат младите лекари.

„Овој профил на кадар е најтешко да се продуцира и потребни се повеќе од 12 години за да се изгради еден лекар специјализант. истовремено, младите лекари најмасовно емигрираат од Македонија за да се стекнат со финансиска сигурност. Укинувањето на оваа мерка во пракса значи бркање на младиот лекар од државата како и негативен стимул, за студентите на медицина да ја продолжат својата едукација во рамки на државата. Апелираме до Премиерот и до сите надлежни институции да изнајдат решение за овој проблем кој потекнува од самоволието на поединци во ФЗОРСМ кои не ги согледуваат последиците од ваквата одлука, ставајќи ги личните интереси пред здравјето на граѓаните“ пишува во дел од од соопштението на Здружението на лекари и специјализанти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе