Вести Економија Најважни

Обичната потрошувачка кошничка станува луксуз за луѓето, завршуваат антикризните мерки на Владата

Антикризните мерки на Владата завршуваат денес, а неизвесноста и понатаму трае. Не се знае колку ќе чини една обична потрошувачка кошничка со леб, млеко, брашно, зејтин, јајца.

Но, поскапување на храната ќе има, затоа што до денес се ограничени трговските маржи за основните прехранбени производи и ДДВ-то е намалено од 5% на 0%.

Експертите коментираат дека драматичен пораст на цените нема да има, но државата мора да контролира дали некој ќе се обиде да ја злоупотреби целата ситуација.

„Драматичен пораст на цените сигурно нема да има затоа што понудата за оние прехранбени производи за коишто имавме недостаток во меѓувреме беше обезбедена. Овде пред сè мислам на зејтинот којшто е набавен од Бугарија, од Србија со оние мерки и преговори од страна на Министерството за земјоделство. Сепак, мислам дека некаква контрола на движењето на цените мора да биде воспоставена бидејќи во вакви услови очигледно е дека трговците можеби ќе се обидат да ја злоупотребат положбата, недостатокот на некои од основните прехранбени производи, увозот, прекинатите логистики односно линии за достава, итн“ изјави Павле Гацов, даночен експерт.

Дел од граѓаните стравуваат, а дел не. Некои дури и оптимистично кажуваат – ќе преживееме.

Велат дека веќе се навикнати на непријатни изненадувања кога пазарат.

Се надеваат дека Владата ќе преземе некакви мерки за да се зачува стандардот на живеење.

„Човек ќе се прилагоди на сè она што го има. Како се прилагодуваме на сезонските овошја или разни зеленчуци?! Ќе јадеме тоа што има, не мора да јадеме сè.“

 

„Властите треба да преземат мерки. И тие знаат дека животот не е лесен и верувам дека ќе направат нешто колку што може да се направи. Не верувам дека може со волшебно стапче од утре па натаму рај да стане овде ама ќе преживееме.“

 

„Знам дека ќе пораснат цените ама како да ви кажам, веќе навикнавме на секакви изненадувања. Гледам да не се нервирам. Цените веќе се драстично покачени, гледате црниot леб чини по 70 денари.“

 

„Имам американска пензија, имам македонска пензија, а имам и германска пензија. Така што убаво ми е, колку и да поскапи за мене нема да поскапи.“

Лебот и брашното ќе поскапат речиси идентично.

Неизбежен е растот на цените, велат од Групацијата за мелничко-пекарска индустрија.

Бараат од Владата да го забрани извозот на житни култури до крајот на годината, затоа што во спротивно, уште повеќе ќе растат цените.

„Во контекст на лебот, цената би се корегирала за максимум 5 до 6 денари, со враќање на маржите и на ДДВ-то одозгора, како и на брашното отприлика по килограм околу 5 денари, со враќање на маржите и со ДДВ. Секако дека ќе има поместувања“ вели Горан Малишиќ, претседател на Групацијата за мелничко-пекарска индустрија во Стопанската комора.

Мерките на Владата траеја три месеци и во важност беа од почетокот на март.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе