Македонија

Насер Зибери предлог на ДУИ за премиер Албанец

ДУИ денеска го објави својот предлог за иден премиер на државата, тоа е политичкиот аналитичар, нотар по професија и поранеше парламентарец, Насер Зибери.

ДУИ во Преспа денеска ја започна предизборната кампања под мотот „Време е за премиер Албанец“.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека од овде од Преспа се отворија вратите на Македонија за ероинтеграциите. Оптимистички најави дека државата за 5 год ќе биде дел од ЕУ и го најави Насер Зибери како премиер Албанец.

“По интензивните консултации со цивилното општество, академската заедница, експерти и создавачи на јавното мислење, но и пријатели, стигнавме до унифицираното и заслужно име за првиот Албанец кој ќе се натпреварува за кршење на последната едно-етничка рамка во Северна Македонија, кој ги поседува сите квалитети за да раководи со извршната власт во земјата во насока на потполната рамноправност„ истакна Ахмети.

Кандидатот за премиер, Насер Зибери во неговиот говор со убедување истакна дека е дојдено време за потполна рамноправност.

“Ме изненади повикот на г.Али Ахмети со неговата покана за средба во неговата канцеларија. Ме запозна дека имал консултации со многу почитувани луѓе на цивилното и академското општество и дека моето име беше помеѓу предложените како надпартиски кандидат. Искрено се иненадив, и нормално се чуствував ценет. За да бидам потполно искрен, си мислев во себе дека ова нема да го промени само мојот живот, но истотака е многу голема одговорност. Одлука која воопшто не е лесна, а кратко време за одлучување. Но, челикот се кали во оган и една личност се цени за одлуките кои ги зазема за општественото добро наспроти личниот комодитет, и затоа реков ДА„ истакна Насер Зибери.

Зибери три пати беше избран за пратеник на изборите 1990, 1994 и 1998 година и тоа од редовите на Партијата за демократски просперитет (ПДП), во периодот од  1996 – 1998 беше министер за труд и социјна политика, како и потпретседател на Влада на РМ. По завршување на политичкиот мандат работи како нотар.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

СДСМ обвинува за партиски вработувања во РЕК Осломеј

Дејан Дејан

Пониква за престој на пациентите кои го преживеаја пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе