Свет

Болтон е подготвен да сведочи против Трамп за напишаното во мемоарите

Поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател, Џон Болтон, денеска изјави дека е подготвен под заклетва да ги потврди своите зборови за тоа дека Доналд Трамп побарал од кинескиот претседател Си Џинпинг да му помогне во неговиот реизбор.

Во својата книга „Собата каде тоа се случи: Мемоари од Белата куќа“ Болтон го опишува разговорот меѓу Трамп и Џинпинг, во кој, според него, американскиот претседател побарал од својот кинески колега да ги зголеми купувањата на американски земјоделски производи од неколку сојузни држави за да му помогне да победи на изборите.

Подоцна американскиот трговски претставник Роберт Лајтхаузер, при сослушување пред Конгресот ги негираше овие обвинувања.

Сите кои бевме на таа средба можеме да сведочиме под заклетва и јас исто така би се радувал да го направам тоа. Тоа се моите спомени. Но, многу поважно, според мене, е тоа што кинеската страна помни, рече Болтон во интервју за Фокс Њуз.

Според Болтон, за ова конкретно прашање тој веќе разговарал со членови на Советот за национална безбедност, адвокат од Белата куќа и главниот обвинител.

Болтон на функцијата советник за национална безбедност на Белата куќа беше во периодот 2018-2019 година.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дванаесет американски држави ја тужат администрацијата на Трамп за царините

Дејан Дејан

ММФ: Царините на Трамп ќе донесат поголема неизвесност од периодот на пандемијата

Дејан Дејан

Паузата за царините од 90 дена завршува порано?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе