Вести Свет

Новата евакуација од Мариупол и околината успеа, 344 цивили пристигнаа во Запорожје

Повеќе од 300 цивили пристигнаа во Запорожје денеска од Мариупол и околните области по новата операција за безбедно премин координирана од Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), страните во конфликтот и Обединетите нации, се вели во соопштението.

Во вторникот, неколку десетици цивили ја напуштија областа на фабриката Азовстал во Мариупол и пристигнаа во Запорожје за време на петдневната операција за безбедно минување. „Драго ни е што се поштедени уште повеќе животи“, рече Паскал Хунд, шеф на делегацијата на МКЦК во Украина.

„Ги поздравуваме обновените напори на двете страни во врска со операциите за безбеден премин. Тие остануваат клучни и итни во светлината на огромното страдање на цивилите“, додаде тој.

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук прецизираше дека во средата при последната евакуација од Мариупол во Запорожје пристигнале 344 цивили.

Таа во изјава за Телеграм им се заблагодари на ОН и на Црвениот крст за помошта.

„Тоа се жени, деца и стари лица од Мариупол, Манхуш, Бердјанск, Токмак и Василивка. Сите штотуку пристигнаа во Запорожје“, објави таа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Запленет накит на ГП „Табановце“, кривична против едно лице – македонски брачен пар од Белгија фатен во обид за шверц на злато

Sasko Dimovski

Шеесет и петгодишен работник од Куманово се здобил со тешки повреди по пад од зграда

Sasko Dimovski

Агент што го познавал Епстин пронајден мртов во стан во Париз

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе