Вести Свет Топ вести

(Видео) Жестоко руско бомбардирање на индустрискиот комплекс Азовстал

Видео со бројни експлозии врз челичарницата Азовстал во Мариупол, снимено со дрон, беше постирано денеска на социјалните мрежи.

Снимката ја објави МВД ДНР, медиум под контрола на про-руските сепаратисти од Доњецката народна република.

На видеото се гледаат бројни силни детонации и ткн „тепих бомбардирање“ на индустрискиот комплекс Азовстал, последното засолниште на Украинските сили во градот Мариупол, кој е речиси целосно уништен во повеќенеделното жестоко бомбардирање на Руските сили.

Во тунелите и подземните простории во Азовстал се наоѓаат остатоците од Украинските сили во приморскиот град на Азовското море, но и засега непотврден број цивили, кои се уште не можеа да бидат евакуирани. Русите прогласија победа во Мариупол и по наредба на Путин ги блокираа и контролираат сите приоди кон Челичарницата.

Иако не може да се потврди кога точно е направена снимката, Украинските извори денеска претходно информираа дека бил изгубен контактот со преостанатите бранители во Мариупол.

Сепак, Украинскиот министер за надворшни работи, Дмитро Кулеба, негираше дека целосно била изгубена контролата во Азовстал, тврдејќи дека Украинските сили и натаму се присутни во индустрискиот комплекс.

Од своја страна, Руската страна демантираше дека во тек е напад за освојување на Азовстал, тврдејќи дека воени активности се спроведуваат само против нападите на Украинските војници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рекордни 1,15 трилиони долари за одбрана – Трамп побара, Претставничкиот дом на САД одобри

Sasko Dimovski

Петнаесетина минути чекање на ГП „Богородица“ за излез од државата

Sasko Dimovski

Нафтата се приближува до 100 долари за барел

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе