Вести Свет

Поранешниот албански премиер бара протерување на рускиот амбасадор од земјата

Поранешниот албански претседател, експремиер и актуелен пратеник, Сали Бериша, и кој се подготвува повторно да го преземе водството над опозициската Демократска партија, побара од владата под итно да го протера рускиот амбасадор во Тирана и да го повлече албанскиот од Москва.

Исто така, тој побара апсолутно минимизирање на дипломатските односи со Русија како потврда на ставот за несогласување со овој агресор кон една слободна земја.

Тој го поддржува апелот на украинскиот претседател Володимир Заленски,  упатен при денешното видео обраќање пред албанските пратеници, да се ограничи влезот на руски туристи во Албанија и затворање на пристаништата за Русија.

Апсурдна е одлуката на Владата да се укинат визите за руските граѓани и апелот на Еди Рама, руските туристи да дојдат во Албанија. Ова беше сериозна навреда за Албанците. Каква беше оваа покана до Русите кои ја водат најнеправедната војна во целата своја долга историја. Затоа, итно барам укинување на визите за руските граѓани кои сакаат да влезат во Албанија, рече Бериша.

Координаторот на пратеничката група на владејачките социјалисти, Таулант Бала не сакаше да ја коментира изјавата на Бериша, ниту пак да одговара за кое било прашање поврзано со него.

Политичар чие време одамна заврши. Бериша не постои за нас. Не одговарам на ниту едно прашање поврзано со него, рече Бала.

На прашањето дали ќе биде блокиран влезот на руските туристи, тој кусо одговори дека Албанија, ќе преземе чекори само доколку оваа санкција биде разгледана од европските земји.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе