Вести Свет Топ вести

Медведев: Европа нема да издржи ни една недела без рускиот гас

Еден од најблиските сојузници на Путин, поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев изјави дека Европа нема да издржи повеќе од една недела доколку воведе ембарго на рускиот гас и нафта.

Тој на Телеграм напиша дека „Европската комисија дозволи плаќање за гас во рубљи со што смета дека европскиот бизнис сепак може да го применува указот на претседателот на Русија“.

– Ги цениме доследноста и принципиелноста на нашите европски партнери, особено ако се земат предвид најновите податоци на Меѓународниот монетарен фонд дека Европа без руски гас може да издржи најмногу шест месеци, изјави со потсмев Медведев.

– Но да бидеме сериозни, тоа нема да трае ни една недела, напиша Медведев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето ја оштети дистрибутивната мрежа, во дефект остануваат 300 трафостаници

Дејан Дејан

Уапсен е 62 годишник од струмичко – силувал малолетничка

Kristina Kuzmanovski

Клиничка болница-Штип со апел: Пациентите со скршеници да се транспортираат во другите болници

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе