Вести Македонија

Судот и обвинителството ја потврдија својата неефикасност со случајот Тамара Димовска

Коалицијата Сите за правично судење остро го критикува однесувањето на обвинителството, но и на Кривичниот суд –Скопје за случајот со смртта на 9 годишната Тамара Димовска од Велес. Смета дека недозволиво било ваквото постапување на јавното обвинителство, но и на судот.

Потенцираат дека на јавното обвинителство му беа потребни повеќе од 3 години за да поднесе обвинителен предлог што го отвора прашањето дали веќе имало застареност уште пред јавниот обвинител да го преземе првото дејствие. Застареноста за ова кривично дело настапува по изминати шест години од сторување, а тоа е во 2020 година, или речиси 2 години пред јавниот обвинител да го утврди овој факт.

На овој начин, јавното обвинителство со своето постапување директно придонело кон застарување на делото, предизвикало непотребни трошоци на постапката кои ќе паднат на товар на буџетот, непотребно користење на времето и ресурсите на јавното обвинителство и судот, не водело грижа за правото на судење во разумен рок на обвинетите и оштетените во овој случај кои непотребно долго биле во неизвесност, како и директно придонело за намалување на и онака ниската доверба на граѓаните во судовите и обвинителството, се вели во соопштението од Коалицијата

Од друга страна  судот не донесе пресуда пресуда ниту по 3 години и 9 месеци откако е насрочено првото рочиште по предметот, иако во конкретниот случај станува збор за скратена постапка.

Особено е загрижувачки што судот не ја изрече и образложи својата одлука, ниту пак закажа рочиште за објава на истата. Според Коалицијата за идните судења може проблематично да биде и повлекувањето на обвинителниот предлог против тројца, поранешни директори на ФЗО, каде иако не е спорно дека ја исполнуваат дефиницијата на службени лица и дека ги донеле решенијата со кои е сторена повредата на правата, јавното обвинителство ценеше дека не може да бидат одговорни поради тоа што биле обврзани да ги почитуваат мислењата на комисијата.

Со ваквото толкување, дека членовите на комисијата не се службени лица, а директорите се обврзани да ги почитуваат мислењата на комисијата, поради што не може да сносат одговорност за донесените решенија, фактички се поставува ситуација во која не може да се гонат службените лица вработени во ФЗО (а и други правни лица со јавни овластувања) за било каква злоупотреба на службената положба и несовесно работење во службата, се вели во соопштението на Коалицијата.

Токму поради ова смета дека обвинителството и судот, не само што се создадоа слика за неефикасност на судството и обвинителството, негрижа за правата на граѓаните, особено жртвите на неефикасноста на јавните институции, туку се наметнаа и повеќе правни прашања во поглед на гонењето на кривичните дела против службената должност и темелното истражување на ваквите злоупотреби, особено кога има индиции дека истите се сторени со цел да се оствари некаква политичка корист за друг.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште една странка компанија заминува од земјава- германски БМЗ го затвора погонот, го сели производството во Полска

Kristina Kuzmanovski

Комисијата за заштита на конкуренцијата ограничувала конкуренција при набавки, утврди ДЗР

Kristina Kuzmanovski

Тетовчанка пријавена за физички напад и закани кон свекрва

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе