Вести Свет Топ вести

Рускиот ултиматум истекува – ситуацијата во Мариупол неизвесна

Рускиот ултиматум до борците на нацоналистичките батаљони и странски платеници за положување на оружјето, не е прифатен од ниту еден украински војник. Состојбата во Мариупол е крајно неизвесна, командантот на украинската 36 специјална бригада, чии припадници се наоѓаат во опколената фабрика за челик Азовстал, ги повика светските лидери да ги извлечат и да ги , бидејќи, вели, руските сили се значително надмоќни. „Ни остануваат само неколку часа“, вели во видео пораката мајор Сергеј Волина, барајќи меѓународна помош за 500-те ранети војници и стотици жени и деца кои со денови се кријат  во челичарницата.

„Ова е нашето последно обраќање до светот. Можеби ќе ни биде последно. Можно е да ни преостануваат само денови или часови“, рече мајорот Волина. „Ги повикуваме светските лидери да ни помогнат“, додаде тој.

„Ги повикуваме да организираат екстракција за да не однесат во трета земја“.

Мариупол е стратешка цел за Русија откако нејзините сили ја нападнаа Украина во февруари. градот е важно пристаниште, кое во нормални времиња е клучен извозен центар за челик и јаглен. Тука е стационирана единицата на украинската милиција наречена Азовска бригада, составена од екстремни десничари. Овојувањето на Мариупол е клучно за Кремљ за да му покаже на своето население дека Русија ги постигнува своите цели. Зеленски верува дека при руското бомбамбардирање се убиени повеќе од 20.000 луѓе, а непознат е бројот на оние кои се однесени на руска територија. Несигурни се најавите дека денеска ќе се евакуираат 6.000 луѓе од опколениот град преку хуманитарен коридор, прв после 5-ти март.

„Јас, лично, немам никаква доверба во најавите од Русија и апсолутно сум сигурен дека нема да стојат на својот збор. Затоа, би било добро ако им дозволат на цивилите да ја напуштат територијата на Азовстал или да заминат од градот, но 50 дена не го дозволуваа ова, зошто сега да го дозволат?“, вели Серги Орлов, заменик градоначалник на Мариупол.

Под закана за напад од руска страна огромен челичарски комплекс од 6,5 илјади квадратни метри е последното засолниште на 130.000 луѓе кои се останати без храна, вода и лекови. Портпаролот на украинскиот Генералштаб изјави челичарницата Азовстал во Мариупол останува главен приоритет на Русија, а авионите ќе извршан напад користејќи ги белоруските аеродроми.

„Во насока на Доњецк, непријателот изврши јуришни операции во областа на населбата Маринка. Главните напори на непријателот се сконцентрирани на заземање на градот Мариупол. Продолжува со јуришни операции во реонот на фабриката Азовстал“, изјави Олександр Шпутун, портпарол на Генералштабот на Украина.

Битки се водат на територијата на Доњецк и Луганск, каде украинската страна успеала да ги одбие руските напади. Харков е соочен со нови руски напади, камерите регистрираа најмалку четири безживотни тела во центарот на градот. Буча пак во близината Киев, каде глобален гнев предизвикаа телата расфрлани по улиците, стана гробница на автомобили кои Украинците ги напуштија бегајќи од налетот на војната.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе