Вести Македонија

Новинари од Албанија со скриена камера открија криминаци во македонската полиција

Истрага на новинари од Албанија доведе до апсење на македонски граничен полицаец за примање мито, а се трага и по други вклучени во шемата.

На телевизијата КЛАН во емисијата СТОП се започнало кога познат превозник од соседството се пожалил дека постојано плаќа за премин на македонската граница на преминот Блаце.

Јас сум албански бизнисмен кој превезува луѓе внатре и надвор од државата. Многу проблеми имаме со македонската погранична полиција. Не мито, туку им даваме плати секој ден, од 500 евра, 700 евра по возило. За секој патник тарифата беше 50 евра, но сега падна на 20 евра. Мито! За секој човек. Носам 20-30 патници. За секој патник мора да се дадат 20 евра, вели превозникот.

Ова било доволно за новинарите опремени со скриена камера да се обидат како патници да го преминат Блаце. Но и тие морале да платат 120 евра за без никаква проверка да бидат пропуштени 6 албански државјани. на снимката се гледа дека раководителот на смена Шкрета Елхам и неколкумина полицајци кои не сакаат многу да се пазарат, и дека велат дека си имаат стандарди. По ова ги земаат парите.

На снимката од полицискиот рушвет на Блаце се слуша како полицаецот и командирот се расправаат дека 20 евра не е стандардот за мито

Утрово МВР соопшти дека го уапсила шефот на смена и дополнително сеистражува случајот.

Во меѓувреме случајот стигна и до обвинителството за организиаран криминал и корупција а го работи одделот за истраги на криминал во полицијата.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Водата во Крушево повторно безбедна за пиење

Kristina Kuzmanovski

Пожарот во Франција сѐ уште под закана од повторно разгорување

Kristina Kuzmanovski

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума награден на фестивалот во Ерусалим, а ќе има европска премиера во Сараево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе