Поднесена е пријава до МВР за повторно активирање на уште една група на Телеграм со име „Јавна соба-резерва“. Секторот за компјутерски криминал и форензика презема мерки и активности за сузбивање нагрупата но наидуваат на проблеми поради несоработката на Телеграм со полицијата.
Ова е трета по ред група на Телеграм во која се објавуваат фотографии, фото монтажи, податоци од социјални мрежи и телефонски броеви на девојки од Македонија.
Девојка која контактираше со Телма тврди дека и биле објавени податоци од профилот на ФБ со туѓи фотографии со порнографска содржина. Добивала непристојни пораки и била малтретирана по интернет по што го затворила профилот на социјалната мрежа.
Групата има над 1300 членови, а податоците за оштетената скопјанка ги ставил профил со лажно име Артун Шелби.
Ова е третпат во кој група мажи да отворат група на Телеграм под име Јавна соба на која се споделуваат податоци за девојки после што биле малтретирани и сексуално вознемиривани.Во првиот случај изречени се по четиригодишни затворски казни за креаторите на групата Дарко Костовски и Михаил Паневски. И покрај законските промени и судските постапки, овие групи повторно се појавуваат во јавноста.
Јулијана Пешевска
