Никола Груевски купувал градежно земјиште со пари од партиската каса на ВМРО –ДПМНЕ и го криел имотот се до оваа судска постапка.. Ова не се повеќе претпоставки туку обвинение кое обвинителството го докажа во судницата со материјални докази, но и искази на сведоци и обвинети кажа кусо во своите завршни зборови обвинителката Лиле Стефанова во предметот „Плацеви на Водно“. Токму, Груевски треба да добие највисока затворска казна затоа што е виновен и избега, побара Стефанова од судечкиот совет.
Имотот бил за него, а му помогнале да го стекне и сокрие обвинетите Сашо Мијалков, Ристо Новачевски, Ненад Јосифовиќ и Орце Камчев. Но, немале сите иста вина според обвинителската проценка на СТефанова. Братучедот Сашо Мијалков негирал до крај во процесот и треба да биде казнет. Кумот на Груевски, Ристо Новачевски ја зборувал вистината во одбраната и треба да добие условна, додека за бизнисменот Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ, Срефанова побара минимални казни.
Со тврдењата на Стефанова не се согласува бранителот на Груевски кој процесот го наречеп олитички монтиран и без докази а во завршните зборови ќе побара и ослободителна пресуда за неговиот клиент Никола Груевски .
За последно обвинетата Ратка Камчева делото е застерено и обвинителката го повлече обвинението, но таа не се откажува од имотот за кој се тврди дека е чуван за Груевски. Побара конфискација на замрзнатите станови во „Панорама резиденс“ бидејќи тие 700 метри квадратни се наменти за него како замена за отстапените 11, 000 метри квадратни градежно земјиште на Водно заради кои е подигнати и обвинението против 6- мината обвинети.
Павле Беловски
