Вести Македонија

Се одвојуваме од Северна Македонија доколку во јуни не се отворат преговорите, порача Рама од Берлин

Албанскиот премиер  Еди Рама уште еднаш истакна дека Албанија ќе се „одвои од Северна Македонија доколку формално не се отворат преговорите со ЕУ во јуни“.

Во случајот со одвојувањето на Албанија од Северна Македонија, одговорот е позитивен: 65 отсто од албанските граѓани кои учествува во националната анкета. Тоа ќе се случи од наша страна само доколку во јуни формално не се отворат преговорите за Албанија поради Бугарија. До јуни ќе продолжиме да бидеме на линија со Северна Македонија, кога сметаме двете земји треба да добијат зелено светло. Ако Бугарија го блокира патот во јуни, ќе бараме да не разделат, изјави Рама на заедничката прес конференција во Берлин, со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Според албанските медиуми, Шолц од своја страна ја нагласил важноста на Берлинскиот процес, додавајќи дека е „дојдено време Западен Балкан да се приклучи на ЕУ“.

Неколку пати го споменав прашањето за членството на Западен Балкан во ЕУ. Верувам дека сега е моментот, дека помина долго време и сега мора да се направи следниот чекор. Можам да ве уверам дека со моќта што ја имам и со сета поддршка на федералната влада тоа навистина ќе се случи. Мојот впечаток е дека живееме во ново време и тоа има врска и со руската агресија. Во Европа се зголемува вниманието дека треба да се поддржуваме едни со други. Ќе бидам посветен на сè што го поддржува Берлинскиот процес, рекол Шолц.

Рама, како и многупати до сега рекол дека „Албанија со години е разочарана од Советот на Европа“ но оти и без оглед на одлуката во јуни неговата земја ќе продолжи да ја врши својата работа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Македонија регистрирани случаи на маларија, денга, зика и западнонилска треска

Kristina Kuzmanovski

Трамп денеска ќе се сретне со Нетанјаху и Зеленски

Kristina Kuzmanovski

Притвор за 19-годишниот Танасковски за обид за убиство на Марко Љубиша Кан во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе