Вести Македонија Топ вести

Судиите најавуваат предупредувачи протест на 28 април

Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Северна Македонија (ЗСРСМ) бара целосно исполнување на барањата дефинирани во Стратегијата и Предлог-активностите за реализација на Стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите по сите 6 точки, доставени до Министерството за правда и надлежните судски институции, информираат Управен одбор на ЗСРСМ.

Овој е заклучено на последната седница на ЗСРСМ одржана на 7 април, кога меѓу другото е донесен и заклучок договорените измени за зголемување на коефициентот за пресметка на платите на судиите од најмалку 15 отсто да се усвојат од страна на Владата во најкраток можен рок, но не подоцна од две недели, како и Собранието да ги донесе измените на Законот за платите на судиите во најкраток можен рок, но не подоцна од 30 јуни 2022 година.

– Доколку не биде утврден текстот на предлог измените од страна на Владата на Република Северна Македонија во наведениот период, согласно консултациите со судиите во РСМ, Управниот одбор донесе одлука за одржување на предупредувачки протест на ден 28.04.2002 година од 11:00 до 11:30 часот, велат од ЗСРСМ.

Од таму појаснуваат дека во насока на целосно остварување на истакнатите барања, Управниот одбор на ЗСРСМ, истовремено ќе ги активира сите расположливи правни механизми пред надлежните домашни и меѓународни институции.

– Овие заклучоците ќе бидат доставени до Министерството за правда при Владата на РСМ, претседателите на судовите и подружниците на Здружение на судиите на Република Северна Македонија, се додава во соопштението.

Втор ден од протестот на УПОЗ, се уште нема покана за средба со Владата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопственик на фирма затаил данок од 3,8 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Притвор за струмичанец кој викендов запали трактор, а потоа и возило на негови сограѓани

Sonja Petrusevska

Аневска: Три дена не сме забележале колиформни бактерии во водата во Гостивар, ниту концентрација на трихалометани над дозволената граница поради хиперхлорирањето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе