Украинската армија го објави својот дневен извештај за операциите во земјата и вели дека Русија ги регрупира трупите за напад на исток.
„Целта на Русија сега е да воспостави целосна контрола над регионите Доњецк и Луганск“, се вели во извештајот објавен на Фејсбук од Генералштабот на вооружените сили.
„Непријателот ги надополнува залихите со храна, гориво и муниција“, се вели во соопштението.
Во извештајот се наведува и дека руските војници го извршиле гранатирањето на јужниот град Миколаев со оружје забрането со Женевската конвенција.
„Медицинските установи, вклучително и детската болница, паднаа под непријателски оган. Има мртви и повредени, вклучително и деца“, се вели во соопштението.
Украина, исто така, тврди дека уништила 29 тенкови и три авиони. Министерството за одбрана наведува и дека Русија во последните 24 часа загубила 14 оклопни патролни возила (АПВ), два артилериски системи и беспилотни летала и еден противвоздушен систем.
Украина проценува дека бројот на загинати руски војници е 18.500.
Втрати ворога в інфографіці 👇@armyinformcomua pic.twitter.com/eNC3VCJteo
— Defence of Ukraine (@DefenceU) April 5, 2022