Вести Свет Топ вести

Абрамович и двајца украински преговарачи биле затруени за време на преговори во Киев

Портпарол на рускиот милијардер Роман Абрамович потврди за неговата влошената здравствена состојба откако наводно бил затруен за време на мирoвни преговори со украински претставници претходно месецов. Портпаролот не одговори дали и некој друг од руската делегација бил затруен, ниту пак даде одговор кој би можел да го изврши труењето.

Претходно Волстрит Џурнал објави дека кај три лица од руската делегација се појавиле истите симптоми, зацрвенети очи, постојано солзење и лупење на кожата на рацете и лицето.

Абрамович сега се чувствувал добро и откако целосно ќе се опорави ќе продолжи да учествува во преговорите за да се стави крај на војната во Украина.

Луѓе блиски до него, за западните медиуми изјавиле дека Абрамович со недели учествувал во преговорите и тоа го правел самоиницијативно, откако претходно се појавија тврдења дека од него било побарано да помогне во преговорите.

Според истражувачкиот вебсајт Белингкат, биле затруени три лица, поранешниот сопственик на Челзи, Роман Абрамович и двајца украински преговарачи. Сите тројца почувствувале симптоми со труење од нервен агенс по состанокот кој се одржал на 3 март во Киев. Имале воспаление на кожата, иритирани очи и остра болка зад очите, и симптомите им траеле цела ноќ. Сите тројца не јаделе и не пиеле ништо друго освој чоколада и вода.

Сите експерти кои од Белингкат биле контактирани за случајот и ги испитале доказите, дошле до истиот заклучок, дека преговарачите биле затруени намерно. Но никој нема претстава кој го извршил овој напад. Очекувано е јавноста да се посомнева во руската воена разузнавачка служба, ГРУ, особено по труењето на поранешниот агент на КГБ Сергеј Скрипал во Салзбури на 4 март 2018 година, кога заедно со неговата ќерка Јулија беа затруени со Новичок.

Но, неизбежен е заклучокот дека преговарачите не биле затруени со смртоносна доза, и без разлика што никој до сега не презеде одговорност, некој очигледно сакал да испрати порака и предупредување до сите кои учествуваат во мировните преговори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе