Колона оклопни возила на специјалната полиција од Приштина утрово е забележана како се движи во правец на северно Косово, пишува „Косово онлајн“. Полицијата масовно се упатила кон Митровица каде за денеска е најавен протест на Србите поради забраната за гласање на изборите на 3 април.
Вчера Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека косовскиот премиер Аљбин Курти решил да ги нападне Србите, со тоа што го прегазил Бриселскиот договор и по негова волја и на оние кои го штитат, Бриселскиот договор повеќе не постои.
Изјава на Вучиќ следи откако косовскиот премиер Курти, направил сериозни измени во косовските институции, и ги повлече сите српски официјални лица. Сменета била судијка Љиљана Стевановиќ, како и српски командири, сите српски полицајци кои биле на седницата на Советот за национална безбедност во Белград. Вучиќ вели дека Курти е тој кој сака да го урне мирот на Косово, тој е тој кој со своите одлуки сака да го нападне српскиот народ секаде каде што живее, и на југот и на северот на Косово.
