Вести Свет Топ вести

Поранешен министер за одбрана на САД: Русија бара изговор за употреба на нуклеарно оружје

Пентагон го осуди одбивањето на портпаролите на Кремљ да ја исклучат употребата на нуклеарно оружје за време на конфликтот во Украина.

Да потсетиме, Дмитриј Песков изјави за Си-Ен-Ен дека таквото оружје може да се користи доколку Русија се соочи со егзистенцијална закана. Русија ги има најголемите залихи на нуклеарни боеви глави во светот, пишува Си-Ен-Ен.

Портпаролот на американското Министерство за одбрана Џон Кирби рече дека приказните за нуклеарно оружје се опасни.

„Ова не е начинот на кој треба да дејствува одговорна нуклеарна сила“, им рече тој на новинарите.

Но, Кирби додаде дека претставниците на Пентагон не гледаат ништо што ќе ги наведе да заклучат дека треба да ја променат својата стратегија.

„Следиме сè секој ден најдобро што можеме“, додаде тој.

„Русија бара изговор за употреба на нуклеарно оружје“

И поранешниот американски министер за одбрана Леон Панета ги критикуваше изјавите на Песков

„Не гледам како можете да го видите поинаку освен како опасно кога Русија бара можен изговор да користи нуклеарно оружје со ниски перформанси“, изјави Панета за Си-Ен-Ен, додавајќи дека е неверојатно Русија да мисли дека е загрозена на некој начин.

„Мислам дека е вистинска загриженост што Русија воопшто ја разгледува можноста“, рече Панета.

Путин ги стави нуклеарните сили на неговата земја во специјална готовност на 27 февруари, но западните одбранбени претставници оттогаш рекоа дека не виделе значителни знаци за мобилизирање руски стратешки бомбардери, ракети и подморници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе