Вести Свет Топ вести

Шестмина загинати откако aвтомобил удри во толпа луѓе на белгиски карневал

Автомобил удри во група изведувачи на белгиски карневал со голема брзина, при што загинаа шест, а се повредени десет лица кои се подготвувале за парада рано денеска, соопштија властите. Според нив, инцидентот не личи на милитантен напад.

Во оваа фаза, нема елементи кои сугерираат дека нападот имал терористички мотив, изјави обвинителот Демиен Верхејен на прес-конференција.

Полицијата ги демантираше извештаите на медиумите дека автомобилот бил вклучен во полициска потера. Инцидентот се случил во јужното белгиско село Стрепи-Бракенис околу 5 часот утрото.

Жак Гобер, градоначалник на соседниот град Ла Лувиер, рече дека меѓу 150 и 200 луѓе се собрале за да се подготват за годишниот карневал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Савески тврди дека „Талир 2“ ќе останел кај Ристоска ако не си дала оставка – таа одговори дека тоа не е точно

Kristina Kuzmanovski

Малолетник не смее да се качи на тротинет- нови законски измени

Kristina Kuzmanovski

Судската независност загрозена од другите државни инстанци

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе