Вести Свет Топ вести

Уништени разузнавачки центри на украинската армија во Одеса, тврди Москва

Рускиот крајбрежен ракетен систем „Бастион“ ги уништил електронските разузнавачки центри на украинската армија во областа Одеса, соопшти денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

„Бастион“ ги уништи разузнавачките центри во местата Велики Далњик и Великодолинское, истакна Конашенков.

Тој додаде дека руски борбен авион рано утринава уништил четири ракетни системи на противвоздушната одбрана на украинската војска, меѓу кои три системи С-300 и еден Бук-М1.

Руската армија со помош на беспилотни летала во раните утрински часови гаѓаше 69 воени објекти, а меѓу целите беа и четири команди, вклучувајќи го и штабот на една бригада. Соборени се 12 украински беспилотни летала, посочи Конашенков.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Савевски: Обвинителството ќе одлучи дали ќе вложи жалба на ослободителната пресуда за Талир2

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето Шпанија-Аргентина на СП, се расплака кога го известија

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Свлечиште затрупа згради во Кина, луѓе заробени под урнатините

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе